Slider

ЗА НАС

„Мисијата за евангелизација на деца” (МЕД) е организација втемелена на библиските вистини, чија цел е да им се каже на децата насекаде за Евангелието на Господ Исус Христос, да ги поучува од Божјото Слово – Библијата, и да ги охрабри да се вклучат во локална црква чиј темел е Светото Писмо – Библијата.

„Мисијата за евангелизација на деца” има различни служења, но примарните се „Клубови на Добрата Вест” и „5 дневни клубови”.

Клубовите на Добрата Вест” и „5 дневните клубови” се организираат во соседствата каде што живеат децата, во дворови, на игралишта или во простории употребени за таа намена. Програмите на овие служења траат еден час, имаат едуктивна и забавна содржина и целта им е да ги поучат децата на Евангелието во средината каде што се.

Други активности органзирани од МЕД се кампови (детски и тинејџерски), еднодневни активности, работилници и детски интернет портал. Минатата година речиси 23 милони деца по светот беа дел од некоја од активностите на МЕД и имаа можност да го слушнат Евангелието.

МЕД организира и тренинг активности за возрасни кои имат желба да работат со деца. Тренинзите се во срцевината на нашето служење. Било да зборуваме за тренинг како да се работи со предучилишни, училишни деца или тинејџери, се стремиме секој курс да биде со највисок квалитет и од најголем аполза за тие кои ги посетуваат. Новата програма CityKids со која започнавме од оваа година е прилагодена за секој кој има желба да научи повеќе за тоа како да ги сподели своите христијански убедувања со децта со кои доаѓа во контакт.

МЕД има голем број лекции засновани на текстови од Библијата, мисионерски лекции и материјали погодни за ползување за време на празничните поуки (Божиќ, Велигден, Духовден и сл.) Текстовите за повеќето лекции можете да ги симнете бесплатно од нашиот сајт teachkids.eu. За нагледните помагала (илустрациите за лекциите) обратете се во националната канцеларија на МЕД.

Ако, пак, имате желба да работите со тинејџери, МЕД има програма наречена „Јуниор тин клуб”. Лeкциите во програмата се наменети за помлади тинејџери, но можат да се прилагодат и за повозрасни.

Нашата визија е да достигнеме до секое дете, во секој народ, секој ден.

СЕКОЕ ДЕТЕ:

Бог им дал на верните јасна задача – да ја пренесат Радосната вест (Евангелието) на Господ Исус Христос на секое создание. Нашиот посебен повик како МЕД е да го евангелизираме секое дете. Минатата година нашите работници допреа до речиси 23 милиони деца! Ние во МЕД сме посветени да ја зголемуваме таа бројка за 15% на годишно ниво. Веруваме дека новата програма со која започнавме во Mакедонија оваа година – CityKids  ќе ни помогне и нам во Македонија дао го постигнеме тоа.

Марко 16:15: „Одете по целиот свет и проповедајте им ја Радосната вест на сите луѓе!”

СЕКОЈ НАРОД:

МЕД е организација која работи по целиот свет, со исклучок на Северна Кореја.

Матеј 28:19: „Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици”. 

СЕКОЈ ДЕН:

Посветени сме на тоа секој ден да направиме нешто кое ќе му каже барем на едно дете за Господ Исус. Како што децата растат во нивниот однос со Господ, ќе развиваат побожен карактер кој ќе донесе многу плод за слава на Бог, вклучително и сведочење на нивните врсници.

Псалм 119:2: „Блажени се луѓето кои по Неговите уредби се раководат и со сето свое срце Него Го бараат!”

Тренинг

Подготовката на волонтерите од страна на МЕД го умножува служењето и ни помага да допреме до повеќе деца. Тоа го правиме преку семинари, преку тренинзи наречени „Ефективно поучување деца ” 1 и 2 дел, како и со модуларниот курс поврзан со CityKids. Секоја година МЕД тренира над 250.000 волонтери кои потоа ефективно поучуваат и евангелизираат деца. Тренинзите се клучот за евангелизирање повеќе деца.

Опремување

Примарната цел на нашата литература е опремувањето на учителите-волонтери. За повеќе информации разгледајте го нашиот каталог, или обратете се во националната канцеларија. За децата кои поверувале, нудиме книги за секојдневно читање, како и детското списание „Кладенче” кое е единствено детско списание со христијанска содржина во Македонија.

Поддршка

Работата на МЕД не може да продолжи ако Бог не ги даде потребните финансиски средства. Сите работници на МЕД се финансираат од доброолни прилози од земјата и странство. За таа цел се стремиме да направиме врска меѓу тие кои се повикани и подготвени за директна полновремена работа и тие кои се благословени и во состојба финансиски да ја поддржат истата. Веруваме дека Бог е нашиот извор на финансии – ние „веруваме во Него и им кажуваме за потребите на луѓето”. Резултатот зависи од Бог. Нашата молитва  Господ да испрати повеќе работници и истовремено да поттикне поддржувачи на истите. „А како ќе слушнат без проповедник?”

СЕКОЈ ДЕН активно се стремиме кон нашите цели.

За да имате повеќе информации за нашата работа:

Редовно посетувајте ја нашата веб-страница и читајте за новостите.

Побарајте да ви испратиме молитвени писма од кои ќе дознаете за активностите на сите работници во МЕД во Македонија, како и за нивните успеси и потреби.
Станете наш молитвен партнер. Бидете дел од нашиот тим за поддршка за да достигнеме до…
Секое дете, секој народ, секој ден.

поврзани

ТЕМИ

ВОДСТВО И РАБОТНИЦИ

,,Погрижи се пред Бога да се покажеш како достоен и беспрекорно работлив, кој верно го проповеда словото на вистината.” 2Тимотеј 2-15

Ние Веруваме дека „Целото Писмо е од Бог дадено“, при што ја подразбираме целата книга наречена Библија дека е без грешки во оригиналниот текст.

ИЗЈАВА НА ВЕРАТА

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани

Close Menu