Slider

ЦЕЛ

Веќе 80 години Бог ја ползува „Мисијата за евангелизација на деца” да ја пренесе љубовта на Исус Христос до децата по целиот свет. Библијата става голема нагласка на децата. Тие се блиску до Божјото срце и ние веруваме дека Тој покажува особена грижа за нивната духовна благосостојба. Без да го имаат темелот кој го дава личното познавање на Бог, и ако никој не ги поучи на вистините, заповедите и принципите од Библијата, тие нема да се подготвени да се соочат со предизвиците кои ќе ги имаат во животот.

МЕД има работници во речиси сите земји во светот, кои минатата година имале личен контакт со речиси 23 милиони деца. Бог ни ја вложил во срцата страста не само да ги доведеме децата во правилен однос со Бог, туку и да ги поучуваме од Неговото Слово и да им помогнеме да станат членови во цркви втемелени на Библијата, за да можат да созреат во својата вера.

Ние сме уверени дека не постои друго служење кое е поважно и поефективно. Можеби Бог ќе те води да се вклучиш повеќе во животите на децата, заради Неговото царство.

МЕД е тука да те поучи, опреми и охрабри, ако решиш да го следиш тој пат. Се надеваме дека оваа веб-страница ќе ти биде богат извор на поуки и предизвици и ќе ти помогне да направиш вечна разлика во животите на децата.

поврзани

ТЕМИ

ИЗЈАВА НА ВЕРАТА

Ние Веруваме дека „Целото Писмо е од Бог дадено“, при што ја подразбираме целата книга наречена Библија дека е без грешки во оригиналниот текст.

,,И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.” Јаков 5-16

МОЛИТВЕНИ ПИСМА

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани

Close Menu