Slider

Летни кампови 2019

 

Летото на прагот, а ти не знаеш каде ќе одиш на одмор? Еве една идеја за забавен одмор полн со интересни активности!

„Мисијата за Евангелизација на Деца” во Македонија и ова лето организира два кампа, и ти можеш да бидеш дел од нив!

Зошто би ги избраловие кампови? Има неколку причини. Покрај тоа што камповите ги одржуваме во прекрасниот Охрид (во Хотел Далјан), програмата на камповите е најдобрата причина поради која би ни се придружил.

На камповите ќе имаш можност да научиш многу нови нешта за Бог.Важен дел од програмата се поуките од Библијата,соодветни за твојата возраст, со практична примена за твоето секојдневие. Предавањата се интерактивни – нема само да слушаш, туку ќе имаш можност да поставуваш прашањаи активно да учествуваш во процесот на учење.

Но, тоа не е сè! Кампот се одржува на езеро, а хотелот Далјан има своја плажа. Тоа значи дека секојдневно има време за одење на плажа, капење, сончање, играње игри во вода и сл. Покрај активностите на плажа, има креативни работилници, каде ќе можеш да ги покажеш своите креативни вештини, учество во спортски активности, мини-Олимпијада; барање на скриено богатство, прошетки низ убавиот Охрид!

Вечерните активности се состојат од игри, групни натпреварувања, пеење и свирење, видео проекции, квизови и дружење. На кампот веќе традиционално има„Талент Шоу” на кое ќе можеш да ги покажеш твоите таленти за пеење, глумење, танцување, свирење инструмент и сл.

Поголемиот дел од активностите на кампот се изведуваат во т.н. мали групи кои се составени од 7-10 деца/тинејџери. На камповите секоја година учествуваат деца и тинејџери од цела Македонија. Тоа значи дека кампот ќе е добра можност да стекнеш многу нови пријателства.

За родителот:

За вас како родител е важно да знаете дека на камповите имаме раководители за секоја група од 7-10 деца/тинејџери. Раководителите се лица кои имаат долгогодишно искуство во оваа работа и чија цел е, преку нивната грижа, време и внимание да му помогнат на вашето дете/тинејџер одлично да помине на кампот!

Ве молиме вашето дете/тинејџер со себе да понесе здравствена книшка, како и електронска картичка. Важно ни е учесниците на кампот да го носат овој документ со себе, заради подобра заштита, во случај на медицинска потреба која не може да ја реши медицинското лице од нашиот тим.

Сакаш ли да ни се придружиш на еден од камповите? Еве неколку информации кои треба да ги прочиташ и знаеш:

На тинејџерскиот камп можат да присуствуваат сите кои се на возраст од 12-16 години.

На детскиот камп можат да присуствуваат сите кои се на возраст од 6-11 години.

Цената за тинејџерскиот камп е 4800 денари, а за детскиот – 4000 денари.

Таа во себе вклучува:

6 (тинејџерскиот камп), односно 5 (детскиот камп) полни пансиони;

превоз до и од кампот; сите материјали што се користат на кампот. За подетални информации, може да нè контактирате на телефоните:

(во Скопје) 02 – 2432 – 600, (во Струмица) 034 – 328 – 508,  или на (Павле) 070-252531 и  (Донче) 070-374143

Пополнетата пријава испрати ја на адреса:

Детско Катче П. Фах 199, 1000 Скопје

 

поврзани

ТЕМИ

МЕД ВИДЕО

Youtube каналот (МЕД Македонија) на Мисијата за евангелизација на деца содржи повеќе видео материјали со поучна и забавна содржина.

Галеријата на МЕД е многу од слики таа крие сеќавања, пријателства, но и научени животни лекции.

МЕД СЛИКИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани