Slider

МЕД кампови 2021

Почитувани, 

Летото наближува, а со него и времето во кое вообичаено досега се одржуваа летните кампови на Мисијата за евангелизација на деца (МЕД), за тинејџери и деца. Минатото лето пандемијата со Ковид 19 нè спречи да ги одржиме камповите иако ние бевме целосно подготвени. Подготвени сме и годинава. Програмата е целосно испланирана, пријавите се веќе направени, сместувањето е обезбедено.  Нашата желба, а веруваме и на тинејџерите /децата, за реализација на овој настан е огромна. Сепак сè зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со Ковид 19 во претстојниот период.

 

Затоа, ве покануваме да ги пријавите вашите деца со напомена дека крајната одлука за одржување на кампот ќе биде донесена во средината на месец јуни. Дотогаш, ќе можете да ги пријавите камперите на поканите кои ќе бидат доставени во вашите цркви, или побарајте да ви испратиме соодветна покана во електронска форма (pdf). Можете регистрацијата да ја направите и на следниот Гугл формулар: https://forms.gle/998LcLLfSzexLtMr5

Пријавите за детскиот камп можете да ги преземете на следниот линк

Пријавите за тинејџерскиот камп можете да ги преземете на следниот линк

поврзани

ТЕМИ

МЕД ВИДЕО

Youtube каналот (МЕД Македонија) на Мисијата за евангелизација на деца содржи повеќе видео материјали со поучна и забавна содржина.

Галеријата на МЕД е многу повеќе од слики таа крие сеќавања, пријателства, но и научени животни лекции.

МЕД СЛИКИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани