Темнината/Мракот е „вообичаен” страв со кого се соочуваат повеќето (ако не и сите деца). Колку тој страв е вистински и како да се ослободиш од него, прочитај и ќе видиш! Но, што е со темнината во твојот живот? Таа е многу поопасна. Се плашиш ли од неа? Откриј како и кој може да те ослободи од неа.

Апостолите на Исус беа камен-темелникот на Неговата Црква.
Неколкумина од нив се автори на некои од книгите во Новиот Завет.

Читајќи ја оваа книга, ќе можеш подобро да го запознаеш Бог и ќе бидеш поттикнат/а да живееш на начин што ќе му биде угоден на Бог. Книгава е напишана на едноставен и јасен начин и вклучува забавни активности. (Доколку сакаш книгата да ја имаш во хартиена форма-остави ни своја адреса и ќе ти ја пратиме по пошта.)

Порано постоеле повеќе царста и цареви. Денес тие се помалку. Но, тогаш и сега, постои Еден кој е наречен „Цар над сите цареви”! Знаеш ли кој е Тој? Запознај го Царот! (Доколку сакаш книгата да ја имаш во хартиена форма-остави ни своја адреса и ќе ти ја пратиме по пошта.)

Што треба да направиш за да сопреш ширење на вирус? Миј ги рацете 20 секунди и држи растојание од други луѓе. Вирусот се шири, но има нешто друго што исто така се шири неконтролирано-страв .

Дали се чувствуваш уплашено кога сите зборуваат за опасноста од коронавирусот? Можеби имаш многу прашања: Зошто се случува ова?  Дали Бог сака да нè научи некоја лекција?

Некој рекол: „човек се учи додека е жив”. Во „Работи што треба да ги знаеш”-ќе ги откриеш најважните работи за себе. Спремен ли си да научиш нешто ново? (Доколку сакаш книгата да ја имаш во хартиена форма-остави ни своја адреса и ќе ти ја пратиме по пошта.)

5 дневен Интернет камп! Пет дена библиски раскази, учење на стихови напамет, ракотворби, игри и забава! Можеш да ни се приклучиш кога сакаш!

КЛИП е осмислен како водич и помош на децата во разбирањето на традиционалните морални вредности кои ги наоѓаме во Светото Писмо.

Teach Kids обезбедува бесплатно симнување на библиски лекции, биографски лекции,  како и упатства за поучување од  МЕД што ќе ти помогнат да поучуваш деца.

поврзани

ТЕМИ

МЕД ВИДЕО

Youtube каналот (МЕД Македонија) на Мисијата за евангелизација на деца содржи повеќе видео материјали со поучна и забавна содржина.

Галеријата на МЕД е многу повеќе од слики таа крие сеќавања, пријателства, но и научени животни лекции.

8a6899b84eca44e3a7f9c136a718f0c9-th-960x500

МЕД СЛИКИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани

Close Menu