Slider

5 ДНЕВНИ КЛУБОВИ

Еден од начините на кој МЕД во Македонија ефективно достига деца кои не го слушнале Евангелието е преку служењето кое е наречено „5 – дневен клуб“.

Програмата на овие собирања е евангелистичка и вклучува: песни, игри, поучувње библиска лекција, забавни активности и рачни изработки, учење напамет на стихови од Библијата и разни други активности.

Овие клубови се одржуваат најчесто во периодот од јуни до август. Имајќи ги во предвид законските одредби, овие клубови се одржуваат во простории кои локалните цркви ги изнајмуваат специјално за таа намена, на отворено, или во просториите на самите цркви. Клубовите обично траат околу еден час и се одржуваат пет дена по ред. Ова слиужење носи голема радост затоа што се досегаат децата таму каде што се. Честопати, црквите со кои заедно организираме вакви активности од септември започнуваат со редовни детски служења – било да е тоа неделно училиште, или, пак, КДВ.

поврзани

ТЕМИ

КАМПОВИ

Сигурен и среќен летен одмор, кога можеш да научиш за Оној кој може да стане твој Спасител и пријател.

КЛИП е интерактивен online курс за деца, каде што на детето, на современ начин му се доближуваат Библиските вредности.

ДОПИСНИ КУРСЕВИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година. 

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани

Close Menu