Slider

КЛУБОТ НА ДОБРАТА ВЕСТ

Клуб на добрата вест®“ е седмичен собир за деца со кој се започнува во септември, на почетокот на училишната година. Клубот завршува на почетокот на јуни. Децата се поучувани од страна на работници на МЕД, како и од верници – христијани кои искрено го сакаат и познаваат Господ Исус Христос и се загрижени за духовните потреби на децата. Во моментот, во Македонија има околу 6 вакви клубови кои се собираат секоја недела и на кои присуствуваат повеќе од 70 деца.

Програмата на КДВ

Децата кои се дел од КДВ се на возраст од 4-12 години и на средбоите имаат возбудлива програма која се состои од: песни, учење напамет на стихови од Библијата, фокус на мисиска работа, квиз, библиска лекција и посебни активности. Програмата во КДВ им дава на децата можност да добијат темелни поуки од Божјото Слово.

Кои се целите на КДВ?

  • Да обезбеди поуки за спасените деца и да ги охрабри во духовниот растеж,
  • Јасно да се претстави пораката на Евангелието пред неспасените деца,
  • Да биде надополнување на активностите на локалната црква со тоа што ќе ѝ помогне да ги достигне децата без Евангелието во соседството каде што се наоѓаат тие, како и да помогне тие деца да бидат вклучени во локалната црква.

Кога и каде?

Клубовите на добрата вест се одржуваат редовно секоја недела и траат отприлика еден час, најчесто по училишните активности, или рано навечер, на различни места: во домови, изнајмени простории, црковни простории.

Искусните работници на МЕД се тие кои помагаат со поуки и со практична помош при започнувањето на клубовите. Мисијата има многу програми, лесни за употреба, како и материјали за нив.

 

поврзани

ТЕМИ

ДОПИСНИ КУРСЕВИ

КЛИП е интерактивен online курс за деца, каде што на детето, на современ начин му се доближуваат Библиските вредности.

Запознајте го Бог, живејте за Бог, служете му на Бог. Бидете дел од Јуниор тин клуб.

ЈУНИОР ТИН КЛУБ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани

Close Menu