banner1

„Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе."
Матеј 18:14

banner1
Logo mladi idstazuvaci 1
Logo mladi idstazuvaci 1
previous arrow
next arrow

КАМПОВИ

Целта на камповите е децата да можат да имаат сигурен и среќен летен одмор, кога ќе можат да научат за Оној кој може да стане нивен Спасител и пријател. Во камповите, како помагачи се вклучени доброволци кои го даваат своето време и одмор за да помогнат во различните аспекти на одржувањето на камповите. Понекогаш, на камповите имаме помошници и од други земји (најчесто од САД или В. Британија). Сите помошници кои се дел од нашите кампови претходно поминуваат подготовка од страна на работниците на МЕД, се новородени верници кои имаат срце за децата.

Секоја година се одржуваат два кампа: тинејџерски – во последната седмица на јуни, и детски камп – првата седмица во јули. Во просек, на секој камп имаме околу 70 учесници.

 

поврзани

ТЕМИ

5 ДНЕВНИ КЛУБОВИ

Песни, игри, поучувње библиски лекции, забавни активности и рачни изработки, учење напамет на стихови од Библијата.

Запознајте го Бог, живејте за Бог, служете му на Бог. Бидете дел од Јуниор тин клуб 

ЈУНИОР ТИН КЛУБ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2022
Сите права задржани