Јуниор тин клуб е тинејџерското служење на Мисијата за евангелизација на деца. Тоа има за цел да ги исполни потребите на младите луѓе кои се веќе големи за да учествуваат во детските активности на МЕД. Целите на оваа програма се:
- Да се сподели со младите неспасени личности важноста да се ЗАПОЗНАЕ Бог,
- Да се охрабрат верните млади христијани да ЖИВЕАТ за Бог,
- Да се предизвикаат младите верни христијани да Му СЛУЖАТ на Бог, особено во детските служења.
По воспоставувањето на дејствувањето на МЕД во Македонија, стана јасно дека треба да се направи нешто за да се остане во контакт со младите луѓе откако тие ќе ја поминат возраста за вклучување во детските активности. Раководството на МЕД, исто така, го препозна потенцијалот да се подготват тие млади луѓе за тие да помогнат во евангелизирањето на неспасените деца. Моментално постојат четири тинејџерски клубови кои се редовно среќаваат еднаш неделно.