banner1

„Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе."
Матеј 18:14

banner1
group-of-children

„Одете по целиот свет и проповедајте им ја
Радосната вест на сите луѓе!" Марко 16:15

group-of-children
previous arrow
next arrow

25 години МЕД кампови

25 години МЕД кампови.
25 години сеќавања.
25 години пријателства.
25 години научени животни лекции од Библијата.

Оваа година МЕД во Македонија слави 25 години од првиот МЕД камп. Затоа на 10 Ноември, сабота, 2018 год. МЕД во Македонија организира прослава за сите кампери над 20 години, како и за сите досегашни камп-помошници. Прославата ќе започне во 19 часот во просториите на ЕКЦ – Скопје на улица Христо Смирненски 20. Ве молиме да ја споделите оваа информација со вашите пријатели од камповите и да го пријавите вашето присуство.

поврзани

ТЕМИ

МЕД ВИДЕО

Youtube каналот (МЕД Македонија) на Мисијата за евангелизација на деца содржи повеќе видео материјали со поучна и забавна содржина.

Галеријата на МЕД е многу повеќе од слики таа крие сеќавања, пријателства, но и научени животни лекции.

МЕД СЛИКИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани