Slider

Важно соопштение

Ние, како „Мисија за евангелизација на деца“ во Македонија, иако ни на сон не ни паѓаше дека може да се случи нешто вакво, по Божја милост веќе поодамна имаме многу онлајн ресурси што можете да ги ползувате со Вашите деца, за да не „заборават“ на Бог, неделното училиште и поуките од Библијата.

 

1.КЛИП („Кликни и пронајди“) –  www.detskokatce.mk – онлајн дописни курсеви прилагодени на детска возраст.

2. www.cefmacedonia.com – преку оваа веб страница децата можат да го ползуваат youtube каналот на кој имаме многу лекции во видео формат. Таму има и видеа за лица со пречки во слухот и говорот (протолкувани на знаковен јазик).

3. Сите кои сакаат можат бесплатно да добијат книги со дневни читања: „Чудесната книга 1“ и „Чудесната книга 2“ – 365 дневни читања за деца.

4. „Секој ден со Бог“ – 60 дневни читања за деца.

5. Априлскиот број на „Кладенче” – сите кои ќе го порачаат до првата недела на Април ќе можат да добијат бесплатни копии за нивните цркви. (Подигањето ќе е од канцеларијата во Скопје и Струмица).

Тимот на Мед во Македонија

 

поврзани

ТЕМИ

МЕД ВИДЕО

Youtube каналот (МЕД Македонија) на Мисијата за евангелизација на деца содржи повеќе видео материјали со поучна и забавна содржина.

Галеријата на МЕД е многу повеќе од слики таа крие сеќавања, пријателства, но и научени животни лекции.

МЕД СЛИКИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани