Програмата е тоа што ги прави камповите на МЕД посебни. На современ начин, прилагодени на возраста, се поучуваат вистини од Библијата. Поуките на кампот се интересни и имаат практична примена во секојдневниот живот. Со помош на интерактивни методи на поучување, ги предизвикуваме тинејџерите/децата да размислуваат за важните животни прашања.
На кампот доаѓаат учесници од цела Македонија и тој претставува прекрасна можност да се запознаат деца/тинејџери од други делови на Македонија и пошироко. Камповите даваат можност за развивање на долготрајни пријателства.
Голем дел од активностите се изведуваат во мали групи, заедно со раководителот. Тоа дава можност послободно да се поставуваат прашања и поблиску запознавање другите од групата.
Кликнете на сликата за да ја преземете пријавата.