Велигден е празник на кој се слави Воскресението, односно враќањето во живот на Исус Христос, три дена по Неговото распнување. Воскресението ја претставува Христовата победа над смртта и ветувањето за вечен живот за оние што Го следат.
Новиот курс за деца на КЛИП (https://detskokatce.mk) „Христос воскресна!“ ги следи последните случувања на Господ Исус од влегувањето во Ерусалим; последната вечера со Своите ученици; агонијата во Гетсиманија; апсењето, пресудата и распнувањето на крст; воскресението и вознесението.
Охрабрете ги најмалите да се вклучат на КЛИП (
https://detskokatce.mk) и на интересен и поучен начин се запознаат со вистинското значење на Велигден.
Христос воскресна!