banner1

„Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе."
Матеј 18:14

banner1
group-of-children

„Одете по целиот свет и проповедајте им ја
Радосната вест на сите луѓе!" Марко 16:15

group-of-children
previous arrow
next arrow

Велигденска лекција

   Секој од нас носи прекрасни спомени од неделните велигденски утра, а поздравот:
„Христос воскресна, навистина воскресна” носи радост во срцата на секој со кој го

споделуваме.

Вистината за најзначајниот ден во христијанската историја, дека гревот и смртта се
победени, ни дава поттик да продолжиме да ја раскажуваме случката без страв. Денес
кога сме сведоци на пандемијата, затворени во домовите, искусувајќи го чувството на
страв, ни го оживува првиот Велигден. Сликата на првите Христови учениците кои
биле затворени во одајата и биле страшно исплашени за нивната иднина се смени со
доаѓањето на неделата. Радоста на учениците кои беа сведоци и го видоа Христос жив

и денес продолжува во животите на верниците.

Нека и овој Велигден ние како наставници, родители, баби и дедовци им ја пренесеме
на децата истата порака на надеж. Нашата молитва е многу деца да ја прифатат

пораката на воскреснатиот Христос.

МЕД во Македонија сними кратка велигденска лекција во врска со трите најважни факти
зошто го славиме Велигден. Ве охрабруваме да ја споделувате на социјалните мрежи.
 
„Христос воскресна, навистина воскресна”. Честит Велигден.

поврзани

ТЕМИ

МЕД ВИДЕО

Youtube каналот (МЕД Македонија) на Мисијата за евангелизација на деца содржи повеќе видео материјали со поучна и забавна содржина.

Галеријата на МЕД е многу повеќе од слики таа крие сеќавања, пријателства, но и научени животни лекции.

8a6899b84eca44e3a7f9c136a718f0c9-th-960x500

МЕД СЛИКИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2018
Сите права задржани