banner1

„Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе."
Матеј 18:14

banner1
group-of-children

„Одете по целиот свет и проповедајте им ја
Радосната вест на сите луѓе!" Марко 16:15

group-of-children
previous arrow
next arrow

ЈУНИОР ТИН КЛУБ

Јуниор тин клуб е тинејџерското служење на Мисијата за евангелизација на деца. Тоа има за цел да ги исполни потребите на младите луѓе кои се веќе големи за да учествуваат во детските активности на МЕД. Целите на оваа програма се:

  • Да се сподели со младите неспасени личности важноста да се ЗАПОЗНАЕ Бог,
  • Да се охрабрат верните млади христијани да ЖИВЕАТ за Бог,
  • Да се предизвикаат младите верни христијани да Му СЛУЖАТ на Бог, особено во детските служења.

По воспоставувањето на дејствувањето на МЕД во Македонија, стана јасно дека треба да се направи нешто за да се остане во контакт со младите луѓе откако тие ќе ја поминат возраста за вклучување во детските активности. Раководството на МЕД, исто така, го препозна потенцијалот да се подготват тие млади луѓе за тие да помогнат во евангелизирањето на неспасените деца. Моментално постојат четири тинејџерски клубови кои се редовно среќаваат еднаш неделно.

поврзани

ТЕМИ

КЛУБОТ НА ДОБРАТА ВЕСТ

Мисиска работа, квизови, библиски лекции, темелни поуки од Божјото Слово, сето тоа во КДВ.

КЛИП е интерактивен online курс за деца, каде што на детето, на современ начин му се доближуваат Библиските вредности.

ДОПИСНИ КУРСЕВИ

Мисијата за евангелизација на деца ® е најголемата мисија на светот чие служење е ексклузивно усмерено кон децата. Секоја година МЕД достигнува над 9 милиони деца по целиот свет, во повеќе од 160 земји. Со нашите специјализирани служења, поуки и материјали за подготовка, ние се обидуваме да ја исполниме „Големата Заповед“. Мисијата за евaнгелизација на деца ја пренесува вистината на Божјото Слово низ целиот свет. Во Република Македонија МЕД е воспоставена во 1990 година.

Булевар АСНОМ 60-1-5 Скопје 1000

Република Македонија

02 24 32 600

МЕД Македонија © 2011-2022
Сите права задржани