Велигден е празник на кој се слави Воскресението, односно враќањето во живот на Исус Христос, три дена по неговото распнување. Воскресението ја претставува Христовата победа над смртта и ветувањето за вечен живот за оние што го следат.
Велигденските настани од Библијата, раскажуваат за смртта, погребот и воскресението на Исус Христос, Синот Божји! Тоа се настани кои може да ни ги променат животите, бидејќи ни кажуваат за моќната Божја љубов кон секој од нас и за жртвата што Тој ја дал!
Велигден носи Живот и Надеж во нашиот секојдневен живот, како и за идниот небесен дом со Бог.