Што нуди овој камп?

На современ начин, прилагоден на возраста, се поучуваат вистини од Библијата, со цел тинејџерот да дознае повеќе за Бог и важноста на проучувањето на Библијата.

Поуките на кампот се интересни и имаат практична примена во животот.

Што нуди овој камп?

Ова лето на кампот ќе зборуваме за жетва, жетвари, и за една многу трудољубива жена која, заради својата вера, изврши влијание и врз нашите животи денес.

Ќе се поучиме од животот на Рута, нејзината вера во вистинскиот Бог, и како таа стана дел од родословието на Господ Исус Христос.

Ако сакате да ја симнете пријавата за тинејџерскиот камп, кликнете на самата слика или кликнете тука.

Ако сакате да ја симнете пријавата за детскиот камп, кликнете на самата слика или кликнете тука.