ТРЕНИНГ

Во МЕД  големо значење се предава на обуката. Ние не сакаме на децата само да им се кажуваат библиски раскази, туку сакаме тие да ги учат вистините што се содржани во тие раскази. Можеме да ве обучиме како да го претворите библискиот расказ во библиска лекција, што ќе им помогне на децата кои ги поучувате да научат колку е голем Бог и што може да направи за нив и преку нив.

Можеме да обезбедиме обука за сите аспекти на детската служба. Постојат различни курсеви за различни возрасни групи – не е важно дали имате 14 или 114 години, имаме нешто за вас! Ние сме тука да ви помогнеме, да ви ги дадеме потребните вештини.

Ако сериозно сакате да допрете до деца, тогаш контактирајте нѐ!

Еве, накусо, што опфаќаат нашите најпопуларни курсеви. Ако не го најдете тоа што го барате, контактирајте нѐ!

ЕПД 1&2

ЈУНИОР ТИН КЛУБ

CITY KIDS

ЗАШТИТА НА ДЕЦА

ЕФЕКТИВНО ПОУЧУВАЊЕ ДЕЦА 1&2

Ефективно поучување децата (ЕПД) е курс дизајниран да понуди нов пристап за евангелизирање и поучување на децата.

Заснован на духовни и образовни принципи, курсот ги обезбедува методите и процедурите за водење на децата до Христос и го опремува волонтерот да започне и одржува служба помеѓу деца. Практикувањето на наученото е витален дел од наставната програма што го прави курсот ЕПД современ и активен начин за обука на христијаните да се вклучат во евангелизирањето деца.

ЕПД Ниво 1 се фокусира на евангелизирање – како децата да се поучуваат на Евангелието. Тој обезбедува основна обука за работниците помеѓу децата да ги евангелизираат истите.

ЕПД Ниво 2 се фокусира на поучување на децата-христијани како да растат и да напредуваат во својата вера. Курсот ги опремува учителите да ги изградуваат децата кои поверувале во Бог – да ги водат чекор по чекор во духовниот раст и развој.

Контактирајте со нас за да дознаете како да се регистрирате за курс: во живо или онлајн.

КУРС ЗА ВОДЕЊЕ НА ЈУНИОР ТИН КЛУБ

Ова е курс за обука на оние кои се вклучени во служба помеѓу тинејџери, како да се поврзат со нив и како да им го пренесат Божјиот збор. Ова е курс погоден за подготовка на водачи или наставници во неделните училишта кои работат со тинејџери.

 Оваа обука може да се прилагоди на вашите потреби. Можните теми вклучуваат: „Работа со 11-14-годишници“, „Креативни библиски поуки за тинејџери“, „Подготовка на лекција“, „Дисциплина“, „Идеи за пеење и квиз“, „Квалификации за младински водач“ и палета на семинари за прашања од тинејџерската култура како што се „Музика“, „Притисок од врсниците“ и „Сексуалноста“.

Контактирајте нѐ за да разговараме за тоа како можеме да ви помогнеме.

CITY KIDS

CityKids се семинари што можат да се прилагоди на специфичните потреби на вашата црква.

Ова е ресурс кој има за цел да ѝ служи на црквата преку обезбедување обука, алатки и идеи за настани, за целосно да го опреми Божјиот народ да го пренесе Неговото Слово на урбаната генерација.

Денес во нашата земја (во Европа и по светот) постојат градови каде името на Исус е речиси непознато бидејќи никој никогаш не го споделил Евангелието на Господ Исус Христос.

Движењето на групи луѓе во и низ Европа, особено масовните движења во последниве години, значи дека нациите повеќе не се океан или континент подалеку – тие се на нашите прагови и во нашите соседства! Поради оваа демографска промена, МЕД во Европа го разви овој модуларен курс.

Кога започна модерното мисионерско движење во раните зори на 19 век, само три проценти од светското население живееше во градови. За 100 години овој број се искачи на 14 проценти. Како што преминавме во новиот милениум, статистиката покажува дека повеќе од половина од светското население живее во градови. Овој тренд продолжува – се проценува дека до 2050 година, 80 отсто од светското население ќе живее во големи урбани области. Во Европа, повеќе од 70 отсто од населението живее во градовите. 

Контактирајте нѐ за да разговараме за тоа како можеме да ви помогнеме.

ПОЛИСА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА

Мисијата за евангелизација на деца во Македонија (МЕД) е посветена на евангелизирањето на децата и на нивното поучување за пораката на спасението, како што таа е содржана во Библијата, Божјото Слово. Истовремено, сакаме да ја промовираме општата благосостојба, здравје и целосниот развој на секое дете, препознавајќи ја привилегијата и одговорноста што тоа ја носи за сите работници вклучени во организацијата. 

Злоупотребата на деца, како и обвинувањата за злоупотреба на деца, се случуваат често во денешното општество. Тоа е тажен факт на сегашнината. Факт е, исто така, дека верниците – христијани, исто како и поширокото општество, не се имуни на можноста да повредат деца. 

Значи, во различните служења, што ги вршиме како мисија или како цркви и поединци, не можеме да бидеме задоволни, сè додека не се увериме дека сме направиле сè што е во нашата моќ за да ги заштитиме децата од какви и да било повреди, како и да ги заштитиме работниците и волонтери од лажни обвинувања. Тоа е причината за постоењето на оваа полиса. 

Ние во МЕД сфаќаме и веруваме дека овој тренинг е неопходен, зашто, во овие времиња на социјални промени и променливи морални вредности, родителите ни ги доверуваат нивните деца за да ги одгледуваме, сигурно да ги згрижиме и да им дадеме мудро раководство. Затоа е императив да се воспостават упатства и практики кои ќе им дадат сигурност на родителите, децата и работниците. 

Курсот е во согласност со препораките на државните органи, како и нашата желба да понудиме и обезбедиме ЕВАНГЕЛИЗАЦИЈА ЗАСНОВАНА ВРЗ ГРИЖА. 

Ако сте заинтересирани вашата црква да добие обука во врска со заштита нa децата, ве молиме контактирајте со нас.

Ако сакате да ја прегледате нашата полиса, кликнете тука.

РАСКАЗИ ЗА ДЕЦА

Содржини на македонски јазик. Кус преглед на некои од основните чекори во придобивање деца за Исус. Убава основа за нови работници помеѓу децата, или како потсетник за оние кои веќе поминале некои од курсевите на МЕД. Кликнете тука за да дознаете повеќе.