КОИ СМЕ НИЕ?

Мисијата за Евангелизација на деца е организација втемелена на Библијата,
чија цел е:

Да се сподели Евангелието на Господ Исус Христос со децата.

Да се изградат и утврдат во Словото Божјо преку учеништво.

Да се приклучат кон локална црква.

Ние се трудиме да го направиме тоа преку нашите различни служби за деца и млади. МЕД е интерденоминационална, меѓународна организација која работи во над 190 земји низ светот. Наша цел и мисија е да им ја приближиме Библијата на децата, на забавен и релевантен начин!