ШТО ПРАВИМЕ?
Нашата визија е:
Секое дете – во секоја земја – секој ден – да може да го слушне Евангелието
МЕД Македонија сака да помогне секое дете во Македонија да може да го слушне Евангелието на Исус Христос и децата кои ќе поверуваат да можат да поминуваат време со Бог секој ден. За таа цел имаме организирани различни служби.
ДЕТСКИ СЛУЖБИ
Ние во МЕД се стремиме да ги поучуваме децата на Божјото Слово во текот на цела година, на различни иновативни начини.
КАМПОВИ
Секое лето МЕД организира кампови. Целта е децата да имаат забавен одмор во безбедна и христијанска средина, каде што неспасените деца ќе го слушнат Евангелието и каде што христијанските деца ќе се изградат во нивната вера.
Има секакви активности во кои децата можат да уживаат, вклучувајќи натпревари, излети, рачни работи и игри, заедно со библиско време, групно тивко време, групи за дискусија и мисионерски расказ. Волонтерите кои ни помагаат се откажуваат од слободното време или отсуствуваат од работа за да дојдат и да помогнат во различни аспекти од програмата на кампот.
По потреба, се организираат дневни кампови. Тие имаат иста програма како и обичните кампови, со тоа што децата навечер одат дома и се враќаат повторно следното утро.
Што нудиме?
Детски камп – (за деца на возраст од 6-12 години), во хотел Далјан – Охрид.
Тинејџерски камп – (за деца на возраст од 13-17 години), во хотел Далјан – Охрид.
Ако сакате да се вклучите како волонтери во камп, или да добиете повеќе информации за можноста вашето дете да присуствува на кампот, контактирајте нѐ!
КЛУБ НА ДОБРАТА ВЕСТ®
Клубот на добра вест е неделен библиски клуб за деца кој не се одржува во црква, туку во нечиј дом, или во соодветни простории.
Секоја недела децата на возраст од 4 до 12 години се среќаваат за време исполнето со активности. Ова вклучува:
- Пеење.
- Учење напамет библиски стихови.
- Игри.
- Библиско време (библиска лекција).
За време на клубот децата слушаат поуки од Библијата соодветни за нивната возраст. Тоа вклучува и поуки за градење карактер и зајакнување на моралниот и духовниот раст.
Сите деца се охрабруваат да посетуваат локална црква.
Кој предава во Клубот на Добрата Вест®?
Христијански волонтери кои се обучени од МЕД и се проверени преку соодветниот систем за заштита на децата.
Кои се целите?
- Систематски да се предава Библијата.
- Да се обезбеди поучување за христијанските деца и да се поттикне духовниот раст.
- Преку соработка со локални цркви да се охрабрат да почнат да посетуваат локални цркви.
Кога и каде?
Клубовите на Добрата Вест се одржуваат еднаш седмично во текот на школската година. Клубот трае еден час. Клубовите може да се одржуваат на различни места.
Како можам да се вклучам?
Можете да помогнете на различни начини:
- Станете молитвен партнер – молејќи се за клубовите, учителите и децата што присуствуваат.
- Станете помошник – вклучете се во образовната програма.
- Отворете го вашиот дом за да таму да се одржува Клуб на Добрата Вест®.
- Станете водач во Клуб на Добрата Вест®.
5-ДНЕВНИ КЛУБОВИ
Како можеме да допреме до момчиња и девојчиња за Исус Христос кои не присуствуваат на детските состаноци во црква или во Клуб на Добрата Вест®? Еден од начините на кои МЕД е ефикасна во оваа област е преку организирање на 5-дневни клубови.
Програмата на 5-дневниот клуб е евангелизаторска и вклучува:
- Игри/Активности
- Христијански песни кои поучуваат Библиски вистини.
- Учење стихови од Библијата напамет.
- Поучување библиска лекција
- Квиз
Кога и каде?
5-дневните клубови обично се одржуваат на отворено од мај до август. Клубот трае приближно 1 час во погодно време, и се случува 5 последователни денови. Голем предизвик во вклучувањето во 5-дневното служење на клубот е да ги достигнете децата таму каде што се! Клубовите може да се одржуваат на различни места:
- Отворени и затворени простори во населби
- Домови и градини
- Училишта
- Паркови
- Плажи
- Места за кампување
Безбедност
МЕД презема конкретни чекори за да ја осигури безбедноста на сите деца. Сите работници во клубот се внимателно проверени како што налага Полисата за заштита на децата на МЕД.
ПРАЗНИЧНИ КЛУБОВИ
Секоја година МЕД нуди материјали за специјални празнични собири (клубови) за деца. Освен Божиќните и Велигденските лекции, нудиме и лекции поврзани со други празници (како, на пример, денот на реформација, Духовден, родендени и сл.)
Како МЕД ние сме посветени да имаме позитивно влијание врз децата и преку дигитални платформи. Погледнете го нашиот Youtube канал, или, пак, нашите онлајн дописни курсеви. Можеби ќе сакате да ја симнете апликацијата преку која детето може да слуша радио драми на својот смартфон. Освен тоа, активно ги користиме социјалните медиуми за да ја зголемиме нашата достапност и да ви дадеме информација за најновите новости и активности. Со оваа комбинација на онлајн програми и социјални медиуми, МЕД создава корисна платформа за помош на децата во разбирањето на традиционалните морални вредности кои ги наоѓаме во Светото Писмо.
Истражете го широкиот опсег на онлајн курсеви и достапни ресурси!
ДЕТСКИ РАДИО ПРОГРАМИ
СЛУЖБА СО ТИНЕЈЏЕРИ
ЈУНИОР ТИН КЛУБ
Службата „Јуниор Тин Клуб“ постои за да им помогне на тинејџерите да го запознаат Исус Христос, да живеат за Него и да Му служат.
Цели
Со оваа програма за тинејџери сакаме да исполниме три цели:
- Да им помогнеме на младите луѓе да го запознаат Господ Исус Христос како Спасител.
- Да ги поттикнеме младите христијани да живеат за Господ.
- Да им дадеме можности да Му служат на Господ, особено меѓу децата.




