Што нуди овој камп?
На современ начин, прилагоден на возраста, се поучуваат вистини од Библијата, со цел тинејџерот да дознае повеќе за Бог и важноста на проучувањето на Библијата.
Поуките на кампот се интересни и имаат практична примена во животот.
Што нуди овој камп?
Ова лето на кампот ќе зборуваме за жетва, жетвари, и за една многу трудољубива жена која, заради својата вера, изврши влијание и врз нашите животи денес.
Ќе се поучиме од животот на Рута, нејзината вера во вистинскиот Бог, и како таа стана дел од родословието на Господ Исус Христос.

