ИСТОРИЈА

МЕД е основана во САД од Џеси Ирвин Оверхолцер во 1937 година. Растејќи во религиозно семејство, Џеси на 12-годишна возраст бил уверен за сопствениот грев и побарал совет од неговата мајка за тоа што треба да направи.

Таа му кажала: „Синко, ти си премногу млад.“ Дури кога Оверхолцер бил на колеџ, тој повторно го слушнал Евангелието и поверувал во Христос како негов Спасител.

Подоцна како свештеник, г-дин Оверхолцер прочитал една од проповедите на Чарлс Сперџан во која се вели: „Дете на пет години, ако е соодветно поучено, може вистински да верува и да се новороди како возрасен човек.“ Господ ја искористил оваа изјава во животот на г-дин Оверхолцер да започне со службата на Мисијата за Евангелизација на Деца (МЕД) кога имал 60 години.

Службата прерасна во најголемата мисиска организација посветена на деца во светот. децата во светот. Меѓународното седиште на МЕД е во Ворентон, САД.

МЕД ВО МАКЕДОНИЈА

Работата на МЕД во Македонија започна во 1990 година со Павле и Сузана Костадинови.

Денес МЕД Македонија има четири полновремени работници, литературна и издавачка дејност, мултимедија и образование. Благодарни сме за сите волонтери кои се вклучени во работата на МЕД на различни начини: во практична и советодавна работа, молитвени партнери, донатори, практиканти-секој има своја посебна задача и свое посебна место.

Националната канцеларија на МЕД постои како сведоштво за верноста и грижата на Бог. Седиштето на канцеларијата е во Скопје и им служи на потребите на телото Христово во Македонија.

Сузана и Павле Костадинови

Донче Велешанов

Весна Алексовска